По кратко боледување, ноќеска во Скопје , на 75 годишна возраст, почина доајенот на македонскиот театар, Мите Грозданов, јави „Телма“. Ќе остане запаметен како човек што не запираше во работата, давајќи особен печат на секоја своја креација.
Во матичната куќа, Драмскиот театар, каде влезе 1967, по дипломирањето на белградската Академија и остана до пензионирањето 2008 година, тој оствари 90 улоги. Работеше и на радио, на телевизија и на филм, од каде неизсотавно е неговото појавување во „ Сутјеска“, на режисерот Стипе Делиќ, каде играше рамо до рамо со Ричард Бартон.
Грозданов е добитник на многу награди и признанија: „ Златен ловоров венец“, на МЕСС во Сараево и награда од „ Млад Борец“, за улогата во претставата „ Партитура за еден Мирон“, „Сребрена колајна“, за монодрамата „ Дрво на ридот“, на фестивалот во Земун, награда од колегите за упаѓање за два дена во ликот на Луков, од претставата „ Црнила“, како и неколку награди од МТФ „ Војдан Чернодрински“, меѓу кои е и онаа за животно дело.
Мите Грозданов ќе биде погребан утре на пладне, на гробиштата во Долно Нерези.
OhridNews
извор: „Телма“