На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, вчера, од сепса починало две и полгодишно девојче.
Катерина Ставриќ, директорка на детската клиника, изјави дека девојчето било примено во многу тешка состојба, по неколкудневно лекување од страна на матичниот лекар. Таа додаде дека во овој случај не станува збор ниту за морбили, ниту за грип.
Од клиниката известија дека девојчето било примено со знаци за сериозна бактериска инфекција.