На 100-годишна возраст, вчера во Скопје почина еден од оснивачите на МАНУ, Академик Проф. Д-р Ѓорѓи Филиповски.
Професор Филиповски заедно со академик Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ. Академијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател беше академик Блаже Конески.
Професор Филиповски воедно беше и меѓу основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947), како и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949).
OhridNews