Во Скопје почина универзитетскиот професор Јане Миљовски, екс министер во експертската Влада на самостојна Македонија. Од тогашниот Премиер Никола Кљусев ја доби задачата да го подготви концептот за трансформација на општествената сопственост и нејзина приватизација. Во првата политичка Влада беше вицепремиер и министер за финансии, краток период и потпредседател на тогаш владеачката СДСМ.

Др. Јане Миљовски беше професор на Правниот факултет на УКИМ и  ректор на приватниот Њујорк колеџ во Скопје. Миљовски беше роден на 1 мај во 1946 година.

OhridNews