Franz Beckenbauer - 2019102190253 2019-04-12 Radio Regenbogen Award 2019 - Sven - 1D X MK II - 0369 - AK8I9538Во 78 година од животот почина прославениот германски фудбалски ас Франц Бекенбауер.

Веста ја потврди семејството на легендарното либеро, еден од најдобрите фудбалери на таа позиција на сите времиња.

Семејството претходно информираше дека здравствената состојба на Бекенбауер значително се влошила и имал проблеми со памтењето.

Бекенбауер беше легенда на Баерн Минхен со кој четири трофеи во Бундеслигата, три пехари од Лигата на шампионите. На два пати беше светски фудбалски првак со Германија како играч во 1974 и тренер во 1990 година.

Во 1972 и 1976 година Франц Бекенбауер, кој беше познат по прекарот „Кајзер“, ја освои златната топка.

Г.М.
Фото: Свен Мандел/Википедија