Друштвото на писателите на Македонија ја информира јавноста дека на 30 декември 2025 год. во деведесет и петтата година од животот почина најстариот член на писателската асоцијација, Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки.

Георги Сталев Поповски е актуелен како еден од авторите на збирката раскази „Она што се памети живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ (2025), во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на таткото Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.
Георги Сталев Поповски е автор на првиот препев на македонски на Сердарот во форма на стихови. Во јануари 2025 година НУ Библиотека „Григор Прличев“Охрид по повод „Прличеви беседи“ го реализира се чини последното видео интервју со него под наслов: „Прличев, Сердарот и јас“. Автор е м-р Милчо Јованоски од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
OhridNews
извор. Друштво на писатели на Македонија/ НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид











