По долго и тешко боледување, вечерва на 52- годишна возраст почина познатиот македонски пејач, Гоце Арнаудов.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Тој уште на десет годишна возраст почнл да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“.

Во 90- те години, за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на публиката и музичката критика на бројните фестивали на кои настапува.

Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу најслушаните пеачи во Македонија и пошироко. Прогласуван е за најпопуларна личност во Македонија, а учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди.

Во неколку наврати ја освојува наградата за интерпретација „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Во 2000-та година од страна на неговиот роден град е прогласен за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

OhridNews