По кусо боледување, во 53-та година од животот, денеска во Скопје почина Ведат Шериф, познат урбан лик и комесар за безбедност на кошаркарскиот клуб „АВ Охрид“.

„Ведат Шериф не успеа во последната борба наречена живот. Почина во болницата „Систина“ и не остави во неверување дека повторно ќе се врати меѓу нас. Од името на сите членови на КК „АВ Охрид“ изразуваме длабоко сочувство до семејството со искрени желби да истраат во овие тешки моменти.“

КК „АВ Охрид“.

Погребот на Ведат Шериф ќе се изврши на градските гробишта во Охрид на 16 февруари, сабота, во 13.30 часот.

OhridNews