Утрово, по кратко боледување, на 77- годишна возраст почина познатиот охриѓанец и основач на ансамблот за староградски песни „Билјана“ , Кузман Поп Стефанија.

Поп Стефанија заедно со Сотир Димитроски – Сингл,  Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски во далечните 50- ти години го формира познатиот ансамбл кој беше еден од најслушаните во поранешна Југославија, со снимени седум лонг плејќи и две сребрени сингл- плочи.

Од пред две години Поп Стефанија своето искуство им го пренесуваше на  членовите на новиот ансамбл „Билјана“, овој пат составен од група млади охриѓани, кои верно ги следат стапките на некогаш најпознатиот ансамбл на староградски чалгии.

Посмртните останки на Кузман Поп Стефанија ќе бидат изложени утре, во капелата на градските гробишта, од 13 до 14 часот.

OhridNews