Во 70 година од животот, од срцен удар, вчера, почина легендарниот фудбалер и тренер Слободан Сантрач.
Роден е во 1946 година, а играчката кариера ја започна во ОФК Београд во 1965 година. За „романтичарите“ играше девет сезони. Стана најдобар стрелец во првенството на СФРЈ, а во 1966 година го освои националниот куп. Во 244 натпревари за ОФК постигна 169 голови. Кариерата ја продолжи во Грасхоперс, Швајцарија, каде одигра три сезони. Повторно се враќа во ОФК за која настапува во сезоната 1976/77. Се сели во Партизан со кој освојува титула шампион на Југославија. Играчката кариера ја завршува во Галеника во 1983 година.
Во тренерската кариера предводеше неколку клубови во Кина. Беше селектор на СР Југославија на СП 1998 во Франција, а ги предводеше и селекциите на Саудиска Арабија и на Македонија, каде се задржа кус период.
OhridNews
фото: м.новости.рс











