
Петковиќ починала на Ургентниот центар во Белград, седум дена откако претрпела мозочен удар, по што била и оперирана, пренесува „Макфакс“.
„Злата Петковиќ беше една од неповторливите и најубави актерки од овие простори“, изјави актерот Воја Брајовиќ, кој во серијалот „Отпишаните“ го толкуваше Тихи.
„Си замина нашето злато. Тешко ми е. Ми навираат сеќавања за нашата работа и соработка: Таа беше невообичаено драга и позитивна личност и да се соработува со една таква убавица беше вистински дар“, вели Брајовиќ.
Третиот актер, кој стекна голема слава во „Отпишаните“, Драган Николиќ, кој го толкуваше ликот на Прле, кусо изјави дека е многу потресен од трагичната вест. “Навистина незнам што да речам. Останав без воздух“, кусо рече Николиќ.
Отскочна даска за започнување на актерската кариера на Петковиќ и била титулата Мис на фотогеничност на изборот на најубава тинејџерка на светот, кој се одржал во Токио.
извор:„Макфакс“












