југословенски фудбалери на сите времиња Стјепан Бобек, јави РТС. Своите
најголеми успеси тој ги постигна во дресот на „Партизан“, а своевремено
бил и тренер на „Вардар“.
Бобек е роден во 3-ти декември 1923 година во Загреб.на 14 години, како талентирано момче, започнал во тимот „Викторија“. На
20 години станал центарфор на екипата на „Граѓански“. По
војната, во 1945 година доаѓа во „Партизан“ и во црно-белиот дрес играл
се до 1959 година. Во овој период, во 468 натпревари, Бобек постигнал
403 голови.
За југословенската репрезентација одиграл 63 натпревари и постигнал 39 голови.
го опишуваат како исклучителен голгетер и сјаен дриблер, кој во
подоцнежната фаза ја презема и улогата на креатор на играта.
дресот на „Партизан“ Бобек освои две првенства и четири купа. Учествувал
на две светски првенства – во Бразил во 1950 година, и во Швајцарија во
1954 година, како и на две Олипмијади – 1948-ма и 1952 година во
Лондон, односно Хелсински.
тренер. Освоил пет шампионски титули ( од кои три последователни со
Партизан), два национални купови, и една шампионска титула во втората
сојузна лига со „Вардар“.
Во 1995 година Бобек е избран за најдобар фудбалер на сите времиња. Времето и местото на погребот ќе бидат дополнително соопштени.
Ohridnews










