Апсолутниот првак во тешка категорија и најдобриот боксер во историјата на спортот, Мухамед Али почина на 74 годишна возраст.
Легендарниот боксер последните два денови од својот живот ги поминал во болница на апарати откако многу се влошила состојбата со неговото здравје.
Трикратниот светски првак повеќе од три децении се бореше со Паркинсовата болест која му беше дијагностицирана во 1984 година. Болеста често за поврзуваше со последиците од боксот поради ударите кои ги добивал Мухамед Али низ кариерата.
Идолот на речиси сите боксери во својата кариера имаше 61 натпревар и на 56 успеа да победи, а 37 од нив со нокаут.
OhridNews