Во хрватскиот град Загреб каде што живееше и твореше последниве дваесетина години, почина Неџат Хусеин. На охридска јавност, популарниот „Наџи“ и беше познат како одличен адвокат и голем вљубеник во водените спортови.

Хусеин уживаше голема доверба кај клиентите, а беше многу почитуван од колегите, поради челичниот збор и стариот адвокатски ков. Што се однесува до спортот, Хусеин паралелно тренираше пливање и ватерпол.

„Наџи“ е помеѓу првите повоени членови на Пливачкиот клуб “Охридски бранови”, формиран уште 1932 година. Негова генерација се, познатите универзитетски професори во Скопје – охридски ватерполисти, Симонче и Владо Шелев, а учеа од Нико Нестор, Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Леко Радич и други.

Хусеин, Леко Радиќ и Нико Нестор се иницијатори за воспостаување на Охридскиот пливачки маратон на кој и победи. Во 1959 година, Хусеин успеа да го преплива каналаот Ла Манш, за време од 12 часа и шест минути.

Повеќе на следниот линк.

OhridNews