На 61- годишна возраст,денес, почина Никола Коле Петкуќески.
Петкуќески долги години беше раководител на Школата за модерни танци, ентузијаст, човек кој прв на професионална основа, пред триесеттина години го актуелизира танцот во Охрид. Има организирано повеќе од 500 културно-забавни настани. Организатор беше и на детско музичкиот фестивал „Рибарче“.
Посмртните останки на Петкуќески ќе бидат изложени утре, 27- ми февруари, во капелата на градските гробишта од 14 до 15 часот.
OhridNews