По долго и тешко боледување, денеска во Скопје на 44 – годишна возраст почина Натали Сотировска, новинар во дневниот весник “Дневник”, објавува електронското издание на весникот во кој работеше.

Натали Сотировска повеќе од 15 години се занимаваше со истражувачко новинарство. Во текот на својата кариера таа покриваше повеќе области, а во македонското новинарство ќе биде запаметена како врвен познавач на состојбите во областа на судството и борбата против корупцијата.

OhridNews
Дневник