Вчера почина долгогодишниот новинар и уредник на МРТ, Хисен Шаќири кој целиот работен век го помина во јавниот сервис.
Тој ја има основано програмата на националности во Македонската радио телевизија, а се’ до пензионирањето активно работеше и како уредник на вестите на првиот канал на МРТ.
Хисен Шаќири е татко на познатиот музичар Бени Шаќири и на водителката Нора Шаќири.












