Почина новинарот и публицист Владимир Ангеличин-Жура
01.11.25 09:56
На 78-годишна возраст почина познатиот охридски новинар и публицист Владимир Ангеличин-Жура.
Во својата богата професионална кариера Владо Жура бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник” во Охрид (1975-1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид: циклусот од над 150 неделни едночасовни емисии „Реликвија”, посветени на минатото на Охрид – врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија, циклусот од 20 получасовни радио емисии посветени на охридската староградска песна, циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.
Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“ (1995, две изданија). Од рани години се занимава со документарна и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани.
Добитник е на ред пофалби, дипломи и признанија како и на највисокото признание на Општина Охрид за 1985 за вонредни постигнувања на полето на информирањето, уметноста и културата.
Владимир Ангеличин-Жура е роден на 3 ноември 1946 во Охрид.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Охрид од 12 до 12:30 часот, утре, 2 ноември.
Ново катче за радост за најмладите во Коњско Детското игралиште, како што информира градоначалникот Кирил Пецаков е комплетно опремено за безбедна игра Продолжуваме со нашата посветена работа за гр...
Во вториот круг на локалните избори своето право на глас денес во Дебрца ќе го остварат 37 болни и изнемоштени лица, додека во Струга 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници Гласањето се ...
Oдржан X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 во ООУ „Братство Единство“ Охрид На турнирот во организација на ШК Ласкер Охрид и со финансиска поддршка од Општина Охрид учествуваа учениците од сре...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.