На 17-ти август во Германија, во 70-та година од животот почина Глигор Пљакоски, успешен стопанственик  од Охрид.

Глигор Пљакоски во 1990 година ја отвори  прватата фирма за продажба на нови возила-првото претставништво на NISSAN во Македонија. Во 1992 година, поради случувањата во тогашна Југославија, продолжи во истата насока, но со продажба на возила од програмата на Опел и ја отвори фирмата Старт ДОО Охрид. Во 1995 година  го отвори претставништвото на Старт Охрид во Битола, и канцеларијата во Скопје…во 1996 година го отвори првиот авто салон во Македонија СТАРТ ОХРИД за продажба на нови возила од програмата на Опел по стандарди на Опел. Во 2004 година неговата компанија отвора ново дилерство за Опел и Шевролет АВТО ТС СТАРТ во Скопје т.е. ОЛИМПИА МОТОРС.

Посмртните останки на Глигор Пљакоски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид во среда (21 август) од 13 до 14.30 часот.

OhridNews