По тешко боледување во Скопје на 80-годишна возраст почина Јован Андонов – Реган, стопанственик и потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија.

Негов најголем придонес е рестартирањето на РЕК Битола кога за рекордно брзо време, за помалку од една година го доведе во нормала работењето на комбинатот, по уривањето на филтерот и косиот мост во 1989 година.
Добитник е на наградата „11 Октомври“ за патентиран пронајдок од областа на електрониката.
Андонов беше потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија во 1991 година, предводена од Никола Кљусев.
Јован Андонов – Реган ќе биде погребан денеска на гробиштата Бутел во Скопје.
OhridNews












