По долго боледување, во 82- та година од животот, почина писателката Ката Мисиркова-Руменова.

Ката Мисиркова – Руменова зад себе остави богат творечки опус како романсиер, раскажувач, поет и драмски писател. Родена е на 14 септември 1930 година во селото Постол, Егејска Македонија. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1966 година.

Ката Мисиркова – Руменова е автор на преку 40 дела, меѓу кои: романите – “Жешка земја”, “Големите атови”, “Пранги”, “Длабокиот рез”, “Милосија”; книгите раскази: “Мајка Которичанка”, “Записи за Пела”, “Илинденски раскази”; и стихозбирките – “Скаменета солза”, “Плач пред ѕидот” и “Белегзија”.

OhridNews