Во својот дом во Скопје, вчера ненадејно почина македонската писателка Светлана Христова Јоциќ.

Светлана Христова Јоциќ е родена на 27 февруари 1941 година во Ресен. Дипломирала на Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар на Радио Скопје. Автор е на повеќе од 20 книги и добитничка на наградите „Браќа Миладиновци“, „Ванчо Николески“, „Димитар Митрев“ и „Книжевен жезол“.

Во Друштвото на писателите на Македонија членуваше и делуваше повеќе од четири децении, како секретар, претседателка на Друштвото, претседателка на Советот, главна уредничка на ревијата „Стожер“.

Беше значаен дел од Меѓународната манифестација „Македонски духовни конаци“, долгогодишна претседателка и главна и одговорна уредничка на списанието „Портал“.

OhridNews