На 79- годишна возраст, синоќа, почина Полошко – кумановскиот владика Кирил.

Владиката Кирил е роден во 1934 година во преспанското село Царев Двор. Средно богословско училиште завршил во Призрен. Во 1964 година се замонашил во манастирот свети Причеста во Кичево. Во 1965 година се запишал на студии на Московската духовна академија на Руската православна црква, каде завршил прв степен на студиите.

За викарен епископ на МПЦ со титула Тивериополски е избран на седница на Светиот архиерејски синод во 1967 година. Во наредните години ја организирал прекуоеканската епархија. До 1982 година раководел со австралиско – новозеландската епархија, а потоа до 1987 година со Американско – канадската. За Полошко – кумановски владика е назначен во 1987 година. Автор е на повеќе значајни црковни трудови.

OhridNews
Makfaks