Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Селтик, Лијам Милер ја загуби битката со ракот на панкреасот и почина утринава на 36 годишна возраст. На Милер кој имаше 21 настап за селекцијата на Република Ирска не му помогна лекувањето во САД кое го започна пред две години. 

Низ фудбалската кариера Милер блесна во Селтик, а тоа беше знак Сер Алекс Фергусон да го доведе на Олд Трафорд. Милер се задржа две сезони во Манчестер Јунајтед, а потоа продолжи во Сандерленд каде што играше три години. Потоа кариерата му тргна надолу и играше за Хиберниан, австралиските клубови Перт, Бризбејн и Мелбурн, а на крајот една сезона играше во Корк Сити и во американскиот клуб Вилмигтон каде и се лекуваше, но за жал, неуспешно.

OhridNews