Вчера во семејниот дом во Битола, почина Александар Прчевски, поранешен државен јавен обвинител, пренесува „Макфакс“
Роден е во 1950 година во Битола, дипломирал на Правниот факултет во 1978 година, извршувал повеќе јавни функции во сферата на судството, бил претседател на Основниот суд во Битола, а во 2003 година од страна на Собранието на Република Македонија беше избран за државен јавен обвинител.
Функцијата државен јавен обвинител ја извршуваше во еден мандатен период, а потоа професионалната кариера ја продолжи како адвокат.
Прчевски бил погребан денеска во битолското село Буково.
извор:“Макфакс“