Последниот машки примерок од северниот бел носорог на светот, наречен Судан, почина после 45 години живот. Судан страдал од голем број здравствени проблеми предизвикани од староста, а го лекувале и од многу инфекции. Состојбата му се влошила во последните неколку дена, поради што ветеринарниот тим донел одлука да му биде извршена евтаназија.

Судан живееше во Кенија, во резерватот Ол Пејета, каде беше под 24-часовен надзор, чуван од вооружени чувари поради опасност од ловокрадци, а беше опремен и со радиопредавател за да можат лесно да го најдат доколку им се изгуби од вид на чуварите. На светот останаа само уште две женки од овој животински вид, но за среќа, научниците успеаја да извлечат генетски материјал од Судан со надеж дека со негова помош ќе можат да оплодат барем една од женките за да не згасне засекогаш постоењето на северниот бел носорог.

Инаку, во 1960 година на светот имаше околу 2.000 живи претставници од овој вид, а веќе до 1984 година тој број се намали на 15. Во 2011 година, поради беснеењето на ловократството, загина последниот западноафрикански црн носорог.

OhridNews