Лице кое во охридскиот затвор остлужувало казна притвор, родено 1985 година во струшкото село Подгорци, синоќа е пронајдено мртво во неговата ќелија.

Околу 20 часот и 30 минути, затворските стражари се обиделе да го разбудат лицето за вечера, но тоа не реагирало на нивниот повик. По извршениот преглед од страна на медицинска екипа, во 21 часот била констатирана смрт.


Увид извршиле истражен судија и јавен обвинител.

Како што информира истражниот судија Весна Кичеец, според првичните, неофицијални наоди не станува збор за насилна смрт, но има сознанија дека лицето дента примило соодветна терапија од лекар невропсихијатар.

Телото е испратено на обдукција во Скопје со цел да се утврдат причините за настапувањето на смртта.

OhridNews