Веста за смртта на проф. д-р Самир Салиевск.ја соопшти Универзитетот ФОН ( American University of Europe – FON), каде тој работеше.
Со длабока тага ја споделуваме веста за заминувањето на нашиот почитуван професор, проф. д-р Самир Салиевски.
Проф. д-р Самир Салиевски беше ценет колега и значаен дел од академската заедница на Универзитетот, кој со својата стручност, посветеност и професионален ангажман остави траен белег и даде значаен придонес во развојот на високото образование.
Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на колегите, студентите и сите кои имаа чест да соработуваат со него.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите.
Нека почива во мир, а неговото дело нека продолжи да живее, соопшти Универзитетот.
Проф. д-р Самир Салиевски е роден на 16.09.1983 во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Во 2006 година дипломира на Правниот факултет ‘’Јустинијан Први’’ во Скопје. Во 2010 магистрира Европско право и право на ЕУ на ФОН Универзитетот. Во 2017 година на Правниот факултет ‘’Јустинијан Први’’ во Скопје со успех ја одбрани докторската дисертација на тема ‘’Доказна вредност на увидот на лице место во казнената постапка’’ и се стекна со звање доктор на правни науки од областа на казнено-процесно право и криминалистика.
Од 2007 година е во редовен работен однос на АУЕ ФОН каде во 2018 година е избран за доцент на Факултетот за детективи и безбедност.
Во својата професионална кариера има предавано и во ПСУ 5-та приватна гимназија. Ангажиран е како советник во повеќе надзорни одбори на јавните претпријатија во општина Охрид и е ангажиран како експерт и од Превентивен национален механизам за борба против тортура и нехумано постапување во состав на канцеларијата на Народниот Провобранител.
OhridNews













