По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој тешко се повреди при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, попладнево им подлегнал на повредите. Смртта на несреќниот работник ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Инцидентот се случи на 3 јуни, кога работник од Кина на возраст од 52 години паднал од дрвена платформа на градилиште во близина на селото Требеништа. Тој веднаш беше пренесен во Специјализираната болница „Св. Ерзамо“, но и покрај напорите на лекарите, за жал, тој денеска починал.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.

Г.М.