Во 53-та година од животот денеска ненадејно во својот дом во Скопје почина Владо Цветановски, истакнат македонски театарски и филмски режисер, долгогодишен професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности.
 
Владо Цветановски е роден 1959 година во Слоештица, Демир Хисар. На Филозофски факултет во Скопје апсолвирал историја на уметноста и археологија (1980). Дипломирал на отсекот за интермедијална режија на Акедемијата за уметностите во Нови Сад (1983), во класата на професорот Боро Драшковиќ.

Во текот на својата исклучително успешна, безмалку тридецениска кариера, Цветановски режирал шеесеттина претстави за кои освоил  дури 12 угледни професионални награди во земјава и светот.

Владо Цветаноски беше дел од овогодинешното „Охридско лето“ како режисер на претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“, која беше изведена во Заливот на коските во Градиште.

По повод смртта на Владе Цветановски утре ќе биде одржана комеморација на Факултетот за драмски во 11 часот, а погребот е во 13.30 на Градските гробишта Бутел.

OhridNews