Холивудската ѕвезда и еден од највлијателните актери и режисери на 20. и 21. век, Роберт Редфорд, почина на 89-годишна возраст. Според соопштението од неговото семејство, тој починал мирно во сон, во својот дом во Санденс, Јута, опкружен со најблиските, на 16 септември 2025 година.
Редфорд остави зад себе повеќе од шест децении богата кариера. Ќе остане запаметен по своите легендарни улоги во филмовите Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, All the President’s Men и Out of Africa. Како режисер, освои „Оскар“ за најдобра режија со филмот Ordinary People (1980), а зад него стојат и наслови како Quiz Show.
Освен пред и зад камерата, Редфорд беше и визионер кој силно веруваше во моќта на независниот филм. Тој го основа Sundance Institute и прочуениот Sundance Film Festival, кои станаа клучна платформа за нови генерации режисери и автори.
Почит и благодарност пристигнуваат од целиот свет. Неговата колешка Мерил Стрип изјави:
Замина еден лав. Почивај во мир, мој драг пријателe, истакна Мерил Стрип.
OhridNews