По тешко боледување, утрово на 68- годишна возраст, почина Ружди Муфти, познат охриѓанец, стопанственик, туристички работник, неизоставен дел од охридскиот еснаф.
Во изминатите години Муфти ја вршеше и функцијата потпретседател на Регионалната комора во Охрид, прв човек на Ротари клуб Охрид, претседател на кластерот за туризам „ Еден “, главен „виновник“ за бројни воспоставени контакти во стопанството и туризмот меѓу Македонија и Турција.
Ружди Муфти беше погребан попладнево на охридските градски гробишта.
OhridNews











