Струшки вечери на поезијата со особено жалење ја прими веста за смртта на големиот ирски поет и добитник на Златен венец на СВП во 2001-ва година, Шејмас Хини.

Преку неговото литературното дело, вечно ќе остане запаметен како еден најзначајните поети од втората половина на ЏЏ-тиот и почетоткот на ХХИ- от век.

Вечен ќе биде споменот  за овој великан на светското поетско творетво во  Струга и Македонија. Ќе продолжи да живее дрвото засадено од неговата рака, а засегоаш нераскинливо ќе биде неговото творешво кое преку Струшките вечери на поезијата им беше приопштено и на македонските читатели.“ – велат организаторите на Струшките вечери на поезијата.

Роден е во Мосбон,  Северна Ирска, на 8. 7. 1939 г. Добитник е на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на природословецот (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов фенер (1987). Привиденија (1991) итн.

OhridNews