Утрово, во клиниката „Св. Наум“ во Скопје, почина уште едно лице, од стумичкото село Вељуса, кое беше повредено во пожарот кој избувна на 23 јули кај Струмица.

Тоа е четврта жртва во пожарот кај Струмица. На 28 јули почина 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, а на 24 јули на повредите им подлегнаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови, вработени во „Македонски шуми“.

На Клиниката е хоспитализирано уште едно дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен кое е во добра здравствена состојба.

OhridNews