На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, синоќа почина уште едно лице, 30-годишен струмичанец, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули кај Струмица.

На 24 јули починаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови вработени во „Македонски шуми“.

На Клиниката се наоѓаат уште две лица на лекување кои беа повредени во пожарот. Едниот од нив е возрасно лице со изгореници над 50 отсто, кое е во витално-загрозувачка состојба, но во моментов со стабилни параметри. Докторите на Клиниката прават максимални напори за негови излекување. Другото лице кое се наоѓа на Клиниката е дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен и се наоѓа во стабилна општа соостојба.

OhridNews
извор: МИА