Светскин познатиот шведски глумец Макс фон Содоф, почина во 91 година од животот, пишува „Гардијан“.

Сидоф во богатата кариера оствари улоги во повеќе од 150 филмови, а светска слава стекна во филмовите на прославениот режисер и негов сонародник Ингмар Бергман. Една од најпознатите негови улоги е таа на витезот Антониус Блок во филмот „7 печат“ од 1957 година, „Егзорцист“ (1973) „Трите дена на кондорот“ (1975), „Флеш Гордон“ (1980), „Дина“ (1984)…

Ќе остане запаметен и по улогата во најпознатата научнофантастична франшиза „Војна на ѕвездите“, каде се појави во продолжението од 2015 година „Силата се буди“, како и по улогата на најгледаната тв серија на сите времиња „Игра на тронови“ во која го играше Триокиот гавран.

OhridNews