Еден од најголемите фудбалски голмани во поранешна Југославија, Владимир Беара, почина ноќта кон понеделникoт во 85-тa година од животот во болницата во Сплит, јави Хрватската радиотелевизија, пренесува „Макфакс“.
Легендарниот Беара, познат и по прекарите Големиот Владимир, Балерина со челични дланки и Човек од гума, со Хајдук освои три титули во поранешна Југославија и уште четири со Црвена ѕвезда, со која стигна и до два наслова во Купот на Југославија.
За репрезентацијата на поранешната држава одиграл 60 натпревари, настапувајќи на три светски првенства (Бразил 1950, Швајцарија 1954 и Шведска 1958 година).
На Олимписките игри во Хелсинки во 1952 година стигна до среброто.
Тогаш во финалето го одбрани ударот од 11 метри на фудбалската легенда Ференц Пушкаш. Беара подоцна 23 години беше тренер.
OhridNews
извор:„Макфакс“