Владимир Цветковиќ, поранешен спортски директор на Црвена Звезда и еден од клучните луѓе во создавањето на генерацијата што во 1991 година го освои Купот на европските шампиони, почина на 84-годишна возраст, објавија српските медиуми и клубот од Белград.

Владимир Цветковиќ 1941 – 2026. Фото: ФК Црвена Звезда

Цветковиќ беше еден од најзначајните спортски функционери во историјата на Црвена Звезда и човек кого многумина го сметаат за архитект на тимот што се искачи на европскиот фудбалски врв со триумфот во Бари во 1991 година. Во клубот беше препознатлив по својата визија, спортска политика и способност да создаде шампионски тим.

Покрај работата во Звезда, Цветковиќ остави длабока трага и во српскиот спорт воопшто, а во јавноста беше почитуван како исклучителен спортски работник и авторитет.

Српските медиуми „Блиц“ и „Телеграф“ пренесоа бројни реакции и пораки на сочувство од спортски работници, поранешни фудбалери и јавни личности, кои го опишуваат како човек што „ја однесе Звезда на покривот на Европа“.

OhridNews
Фото: ФК Црвена Звезда