Јужноафриканскиот фудбалски репрезентативец Џејден Адамс почина на 25-годишна возраст, објавија јужноафриканските медиуми.


Играчот од средниот ред на Мамелоди Сандаунс, беше дел од репрезентацијата на Јужна Африка на Светското првенство во 2026 година. Тој настапи на сите три натпревари од групната фаза, додека Јужна Африка избори пласман во нокаут-фазата.

Причината за смртта засега не е официјално објавена. Веста предизвика голема тага во светот на фудбалот.

OhridNews

Фото: Х