Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, претставници од локалната самоуправа, партии, од Сојузот на борците од НОАВМ, денес, положија свежо цвеќе пред бистите на револуционерите во градскиот парк.

Со тоа им се оддаде почит на сите оние кои учествувале во долгогодишните борби и стремежи за слободна Македонија.

Со низа активности низ целата земја денес се одбележува 23 Октомври–Денот на македонската револуционерна борба.

OhridNews