Под покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, вчеравечер во Трпејца започна 12. издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“. На свеченото отворање, пред присутните гости се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.
Зајдисонцето над Охридското Езеро токму овде во Трпејца е секојдневен природен спектакл и предизвикува силно воодушевување кај сите посетители. Кога сонцето почнува да тоне во прегратките на планинскиот хоризонт, небесниот свод постепено се пелева во живописна палета на бои. Езерската вода започнува да лебди во неверојатни нијанси на портокалова, розова и пурпурна боја и претставува вистинско уметничко дело. Сите овие неописливи пејзажи, кои ве опиваат со својата убавина, се надополнети со аромата на недопреното зеленило и свежото ветре кое ве милува по образите. Секое дрво, секој камен, секој езерски бран, изгледаат волшебно и чиниш се излезени од најубавите соништа. Едноставно, на брегот, овде во Трпејца, чувствувате како да сте сплотени со природата, а мирот и спокојството го имаат исполнето вашето битие, рече Божиновски.

Од мое лично име и од името на Општина Охрид би сакал да упатам благодарност до организаторите за целиот досегашен труд и посветеност да го одржат континуитетот на оваа манифестација, со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Ние секогаш ќе бидеме подготвени да ги поддржиме и да ги стимулираме вакви проекти, кои го промовираат богатството и туристичките потенцијали на охридскиот регион, истакна Божиновски во своето обраќање.

OhridNews











