Со првата фестивалска вечер и најмалите изведувачи, започна 18-тото издание на интернационалнито фестивал Охрид фест – Охридски Трубадури.
Како што најавуваат организаторите, вечрва е настапот на младите ѕзвезди, а утре на сцената на Долни Сарај, свој настап ќе имаат најпознатите фол ѕвезди од македонската естрада меѓу кои и Елена Велевска, Нино Величковски, Мишко Крстевски и Петар Нечовски.
Поп рерфените на сцената на Долни Сарај ќе се пеат на 26- ти август. Вечерта ќе ја отвори Филип Јорданоски, а освен него ќе настапат и Горан Наумовски, Викторија Лоба , Елена Петреска , Верица Пандиловска, Џон Илија Апелгреен, Бојана и Ѓоко Танески.
Осуманаесетото издание завршува на 27 – ми, со интернационалната вечер, кога ќе настапат голем број музички имиња од неколку земји, меѓу кои од Србија- Душан Свилар, Марко Кон, Милица Масторовиќ и Никола Пуновиќ, од Хрватска Бојан Јамброшиќ, Тино Фаваца од Италија.











