Делови од Охрид блеснаа во празнично светло. Екипи ангажирани од локалната самоуправо изминатата ноќ ги украсија кружните текови и електричните столбови на булеварот “Туристичка”, како и други делови од градот.

Денеска украсувањето продолжи во центарот на градот каде е поставена и новогодишна елка.

Украсувањето на градот ќе продолжи и во наредните денови, а локалната самоуправа најави наскоро повеќе детали за чинењето и програмата за празниците.

Г.М.