Почна одбројувањето до големото дерби од ракометниот плеј-оф помеѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид што се игра утре во салата „Билјанини извори“.

Картите по цена од 100 денари до недела ќе се продаваат во охридската чаршија кај Аждер, а на денот на мечот на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“. За повеќе купени карти следат вредни подароци, навивачки реквизити и други изненадувања!, велат од ГРК Охрид.

Натпреварот Охрид – Алкалоид се игра во 18:30 часот.

OhridNews