Почна одбројувањето до разврската во групата 4 од Купот на Македонија, што ќе се случи претстојниот викенд во Охрид.

„Гладијаторите“ со респект кон противниците, но и со доза на оптимизам ги очекуваат натпреварите од купот и со поддршка од полните трибини се надеваат на успех.

Се надевам дека без поголеми потешкотии ќе извојуваме победа над Скопје во полуфиналето од групата 4 од купот, чиј организатори сме, и ќе ги зачуваме силите за финалето. Без да им ги одземеме шансите на МРК Куманово, фаворитската улога во второто полуфинале ја има екипата на РК Е. Пелистер. Според тоа во финалето ќе не очекува интересен и незивесен натпревар со шампионот пред полни трибини, вели крилото на Охрид, Крсте Андоновски.

 

Натпреварите се играат во сабота во салата „Билјанини извори“. Мечот помеѓу Скопје и Охрид е со почеток во 10:30 часот, помеѓу Е. Пелистер и Куманово од 12:30 часот, додека финалето ќе се одигра во 19:30 часот.

Блок картите за сите натпревари по цена од 200 денари ќе се продаваат од утре, 20 март, во чаршија кај Аждер и на билетарата во салата „Билјанини извори“. Карти за поединечни натпревари нема да се продаваат, а за групната фаза од Купот не важат сезонските карти!

OhridNews