Кампањата за изборите за претседател на државата заврши вечерва на полноќ. Предизботниот молк ќе трае до 19 часот во недела, 13-ти април, кога ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Во овој период ќе биде прекината и кампањата за предвремените парламентарни избори.

Изборите за претседател започна пред три дена во Државната изборна комисија каде гласаа граѓаните кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората, која ќе гласа денеска. Во сабота гласаат и болните и немоќни лица, затворениците, притворените лица, привремено раселените и припадниците на армијата.

Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе избираат помеѓу четворица кандидати.

Изборите ќе ги следат 8325 домашни и 326 странски набљудувачи.

OhridNews