Екипите на ЈП „ Нискоградба“ , денеска ги започнаа градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. Предвидено е да се постават 1. 300 метри цевки со профил од 200 милиметри , а градежните работи се очекува да завршат за еден месец , по што патот ќе се санира и асфалтира.
Активностите се дел од програмата за комунален развој на Општина Охрид.
OhridNews