Со средства од министерството за култура, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, ја започна санацијата на оштетениот бедем на летната сцена Долни сарај.


Како што информира директорката на Завод и музеј, Тања Паскали- Бунташеска, проектот ќе се одвива во две фази. Годинава ќе бидат санирани сите оштетени делови од ѕидот, ќе се изврши промена на дотраените дрвени појаси и ќе биде исфугиран целиод ѕид.


Во втората фаза која е предвидено да се реализира следната година, ќе се санираат скалите кои ја поврзуваат сцената Долни сарај со езерскиот брег.


OhridNews