Почна седницата за гласање доверба на Владата. Опозицијата се врати во Собранието, а пред речиси секој пратеник има транспарент на кој пишува што не исполнила Владата на Заев. Барањето за гласање го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако првично беше потпишано од 41 пратеник, на барањето се потпишал и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, со што до Собранието е доставено со 42 потписи.

Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема капацитет за водење на институците. Во барањето се наведува и дека Владата работи за партиските интереси, а во изминатите десет месеци не е остварен ниту еден од проектите и реформите што ги ветуваа во предизборието.

Претседателот на Владата пред гласањето има право да се обрати пред пратениците во Собранието. За да се изгласа недоверба, потребено е опозицијата да собере 61 глас.

OhridNews
Макфакс