
-Летната школа по класична гитара е вистинска можност за учесниците да го прошират и надградат своето знаење, одлична прилика да се надминат разни мелодички и технички проблеми односно да постигнат севкупно усовршување. Работејќи со професор од врвен квалитет студентите ќе се здобијат со самодоверба и сигурност неопходна за идни јавни настапи, информираат од Е КУЛ ТУР .
Организаторот на учесниците ќе им додели сертификати, а повеќе детали за школата, како и за програмата заинтересираните можат да се видат на веб-страната од Школата.












